Who's Online

Имаме присутни 2 гости и нема членови

Наставници

Eнергија

Што е енергија?

 

Живот и енергија се два поими тесно поврзани.Сите живи организми за да преживеат им е потребна енергија,но и на човечките процеси исто така.Се што се движи или предизвикува движење има енергија, сонцето зрачи енергија, кога гориме дрва се ослободува енергија што ја чувствуваме како топлина, далноводите на електро дистрибуција пренесуваат електрична енергија, дури и нуклеарната енергија се претвора во електрична.Неможиме секогаш да ја забележиме,но го чуствуваме секогаш нејзиното влијание на нас и на светот околу нас.Енергијата е секаде, не опкружува но ја има и внатре во нашиот организам.

Кои се извори на енергија?

 

Резервите на енергија или изворите на енергија се делат на  необновливи извори и на обновливи извори на енергија.

Необновливи извори

Се викаат необновливи затоа што не е можно да обноват за човекот.Процесот на нивното создавање траеше со милиони години.Необновливите извори на енергија содржат :
· цврстите горива како антрацит јаглен,лигнит,тресет и др
· течните горива како мазут, бензин, нафта, керозин и др
· гасни горива како природен гас, плин и др
· нуклеарната енергија која ја добиваме од цепенје на радиоактивни материјали
Необновливите извори на енергија се тие што се употребуваат последните години и што не доведоа до енергетска криза,но и предизвикаа број други проблеми во врска со околината.
Необновливите извори на енергија ја покриваат потребата за енергија 93 %, додека пак обновливи извори ја покриваат за само  7 %, με βασικότερη τη βιομάζα.

Обновливи извори

Обновливите извори на енергија или "новите извори на енергија" ,се начини  на искористување на енергијата која што доаѓа од различни природни процеси.За нивното искористување не е потребна некоја интервенција, како црпење, вадење, горење како за на необновливите извори, но едоставно користење на веќе постоечкиот тек на енергија во природата.Станува збор за "чисти" форми на енергија,кои не му штетат на околината,кои што не ослободуваат јаглеродиоксид или други токсични материи како што испуштаат другите извори на енергија што се користат.Зборот обновливи значи дека овие извори се обновуваат сами  ќе продолжат да ни даваат енергија за долго време.

Обновливи извори на енергија содржат:

· сонцето(сончева енергија)
· ветерот(ветерна енергија),
· водопадите (хидроелектрична енергија),
· енергија на брановите, струите, океаните и
· енергија на биомаса

Во обновливите извори на енергија припаѓа и геотермичката енергија која доаѓа од внатрешноста на земјата и се формира од посебните геолошки и геотектонски карактерски на секоја област.
Употребата на обновливи извори на енергија е сеуште ограничена на глобално ниво, но ја штитат природата , бидејќи се" чисти" и не се штетни по околината.

Последици од употреба на необновливи извори на енергија

 

Употребата на рудно-подземни горива горива и на нуклеарна енергија влијае на климатските услови на планетата, ја загади атмосферата, загади големи површини на вода на планетата , го намали биосветот и загади многу области со нуклеарни отпадоци.
Интензивната употреба на рудно-подземни горива (бензин,природен гас) и на нуклеарната енергија во последните години,се виновни за голем број серозни проблеми на околината со кои се справува нашата планетата и кои имаат дирекно влијание на климатските услови и општо на условите за живот на планетата .
Очигледно е дека потребите за енергија постојано ќе се зголемуваат ,бидејќи и популацијата на земјата се зголемува со брз ритам но се подобруваат и човечките стандарди за живот, се зголемуваат и активностите со што се зголемува и потребата за енергија.
Човештвото треба да одговори на прашањето,дали ќе продолжи да ги покрива потребите за енергија со рудно-подземни горива (додека целосно не се исцрпат) или ќе бара други решенија.

Неопходноста на употреба на обновливи извори на енергија

 

Единствениот одговор кој што можеме да го видиме однапред дека ќе ги ограничи доста проблемите на околината е употребата на  обновливи извори на енергија. Без разлика што технологијата има направено важни чекори кон оваа област, примената на обновливите извори на енергија сеуште се наоѓа во почетен стадиум.Искористувањето на сонцето, ветерот , водата, геотермијата, биомасата, се извори на енергија нештетни за околината, можи и треба да станат економски искористливи да придонесат за одржлив развој ,бидејќи се обновливи и не загадуваат.
Во нашата држава е возможна употребата на овие извори на енергија, сончевост, ветер посебно на островите , но и водопади на високите области.
Производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија како сончева, геотермичка итн, имаат помало влијание на околината.Овие "пријателски кон околината" извори на енергија му даваат на потрошувачот еден поинаков начин за производство на електрична енергија  од тој со употреба на јаглен, нуклеарна енергија, нафта и сл, со големи хидроцентрали.
Денес најголем број за производство на електрична енергија се единиците кои произведуваат на јаглен.Но, овај метод ја предизвикува најголемата катастрофа на околината со испустањето на токсични гасови.Овие токсични гасови, диоксид на сулфурот и моноксид на азотот ,во комбинација со водата на дождот формираат кисел дожд и приденесуваат во растењето на температурата на земјата.

Запознавање на обновливите извори на енергија

 

Сончева енергија

Сонцето испушта огромна количина на енергија за еден ден.Сончевото зрачење можи да се користи за производство на енергија на два начини.Термички и фотопанелни примени.Првиот е собирање на сончевата енергија за да се произведи топлина, најчесто за затоплување на вода и за придвижување на турбините со помош на пареа.
Вториот е примена на фотопанелни системи кој ја претвараат светлоста на сонцето во елктрична енергија со употреба на фотопанелни системи. Целата земја го прима сончевото зрачење, количината зависи од геогравското место, денот и периодот како и од облачноста. Пустината прима скоро дупло повеке сончева енергија од другите области. Потребата на сончевета енергија за произвотство на електрична енергија почнува да се применува и во нашата земја, со помош на промовирање на политика за употреба на обновливи извори на енергија од европската унија и од државата. Субвенции се доделуваат на приватници и бизнисмени за изградба фотопанелни системи за произвотство на електрична енергија за приватна употреба или за продажба на електро -  дистрибуција.

Ветерна енергија

Ветерната енергија е енергија од ветровите која што доага од поместување на воздушните маси во атмосферата. Современите системи на искористување на ветерната енергија се машини кои  што ја претвараат енергијата од ветерот во електрична енергија и се викаат ветерници. Првото нешто што го забележуваме кај една ветерница е елисата која ротира кога има ветрови. Движењето на елисата се пренесува на еден централен ротор, кој благодарение на еден систем на насочување, се наога секогаш паралелно од насоката на ветерот. Подвижната енергија на роторот со пренесува од кинетичка во електрична енергија. Цел овај систем е сместен на врвот на висока кула.
Најважната економска примена на една ветерница е поврзувањето со електричната мрежа на една држава. Во овај случај, еден ветерен парк, значи повеке ветерници на едно поле кои се сместени и работа во област со висок ветерен потенцијал и го спроведуваат целото произвотство во електричниот систем.
Освен во ветерните паркови ветерната енергија може да се искористи и од малечки ветерници. Малите ветерници се соодветни за малите области кои не се достапни до електричната мрежа. Малите ветерници можат да се употребат како автономни системи за произвотство на електрична енергија додека малите, куќни и трговски системи можат да се поврзат со мрежата снабдувајки ја со еколошка енергија па на овај начин да донесат додатен приход на сопственикот. Една малечка ветерница која заменува еден трансформатор во некоја рурална средина, ни помага да избегнеме испуштање на оклу два килограми јаглерод-диоксид за секој киловат жто се употребува. Ветерната енергија придонесува за енергетската независност и безбедност и ја штити планетата но исто така се избегнува и испуштањето на гасови на стаклената градина кои што дестабилизираат глобалната клима.
Ако постоеше можност, со денешната технологија да се замени искористувањето на енергијата со ветерниот потенцијал на земјата, се проценува оти произведената електрична енергија за една година ке беше дупло од потребите на човекот.
Вкупниот искористлив ветернен потенцијал на Грција може да покрие еден голем дел од електро-енергетските потреби. Ветерната енергија веке почнува широко да се употребува за произвотство на електрична енергија.

Геотермичка енергија

Длабоко под површината на земјата постои термичка маса која што ја затоплува водата и пареата која што се формира се употребува за произвотство на електрична енергија. Геотермичките извори се разликуваат во температурата. Извори на ниска и средна температура (50 – 150 Со) се употребуваат за директно произвотство на топлина во домакинствата и во индустријата, додека изворите на висока температура (повисока од 150 Со) се употребуваат на произвотство на електришна енергија. Геотермичките единици за произвотство на електрична енергија се многу економични и имаат многу мало негативно влијание на околината и исто така испуштаат 1/6 од количината на јаглерод-диоксид што би се испуштила од капацитет кој работи на природен гас.

Биомаса

Биомасата е збирот на матаријалите кои имаат биолошко (органско) потекло. Се состои од сите материи кои директно или индиректно потекнуваат од животинскиот или растителниот свет, како растителните материи од природните еко системи (шума) или од биоземјоделството (растенија кои се наменети за произвотство на енергија), подпроизводите и остатоците на шумското, агрокултурното (земјоделство и сточарство) и рибното произвотство.
Биомасата, е чист и обновлив извор на енергија, се употребува за произвотство на електрична енергија на два начини. Според едниот начин цврстата биомаса се гори во една печка кој ја грее водата и се добива пареа која се употребува за придвижување на турбините за произвотство на електрична енергија. Според другиот начин, гасовите кои што се испиштаат од био масата се користат за гориво и за произвотство на електрична енергија. Биомасата е извор на енергија со многу можности и примени кои ке се користат од целата планете во иднина.

Мали хидро-електрични единици

Претворање на енергијата на водопадите со употреба на хидраулични турбини произведува хидро-електична енергија. Хидро-електричната енергија е поделена на големи и мали капацитети. Малите капацитети на хидроелекричната енергија се разликуваат значајно од големите скалила во однос на последиците за околината. За големите капацитети на хидро-електрични единици е потребно изградба на брани кои што директно влијаат на блиската околина. Изградбата на брани за собирање на вода го ограничува движењето на рибите, водениот свет и влијае на целиот еко-систем. Малите капацитети се лоцирани до реките или каналите и имаат помали влијанија на околината и еко-системот. Хидроелектричните единици помали од 30 мегавати се карактеризираат како мали капацитети и се сметаат за обновливи извори. Брзиот тек на водата кои поминува низ еден тунел ги движи турбините, произведувајки така механичка енергија. Еден ротор оваа енергија ја претвора во електрична. За разлика од рудните горива, водата не се “троши“ во процесот на произвотство на електроенергија и можи да се употребува и за други намени. Ова до денес е најраширената форма на обновлива енергија.

Што можи да се случи?

 

Веке знаеме дека изворите на енергија што ги употребуваме – нафта, јаглен, природен гас и нуклеарна енергија – ја загадуваат околината и предизвикуваат сериозни проблеми, како феноменот на стаклена градина, кисел дожд, и радиоактивно загадување.
Ако земеме предвид дека постојано растечките потреби на човекот за енергија и  резервите на горенаведените извори на енергија ке исчезнат за неколку десеттици или стоттици години, ке сватиме дека енергетскиот проблемот зазема големи размери. Потребно е да се промени свакањето. Потребно е да се смени свакањето за енергијата како трговски производ и да размислиме за управување на енергијата кон одржлив развој.
Додека ова свакање не се смени, најдобро што може да направиме е да ја намалиме потрошувачката на енергија или барем рационално да ја употребуваме. Ова значи дека треба да употребуваме помалкуе енергија од необновливите извори и колку што е можно да се ориентираме кон обновливите извори. Како што изгледа иднината му припага на обновливите извори на енергија (ќе постојат додека зрачи сонцето) и не се штетни за околината. Веке во последните години во развиените земји се превземаат важни чекори за нивно користење.
Во преодната фаза па се до целосно заменување на необновливите извори на енергија со обновливи, единственото решение е штедење на енергија.

Заштедувањето на енергија продолжува позитивно да влијае:

- Во намалувањето на последиците за околината од неконтролираното     користење на фослини горива.
- За нивно зачувување за следните генерации
- За намалување на зависноста од земјите – нафтени производители, исто така и намалување на расходот од трансакции
- Во обезбедување на нафта како суровина за лекови и производи за секојдневен живот, како детергенти, најлони, пластика и сл.

Позитивните страни од употреба на обновливи извори на енергија ке придонесат позитивно за:

- Подобрување на квалитетот на животот поради намалената загаденост
- Развој на домашната технологија, како што се случува во одделот за произвотство на сончеви панели.

Начини за заштедување на енергија

 

Користа која ја имаме од заштедувањето на енергија може да се измери во евра кои ги заштедуваме и во килограми на јаглерод-диоксид кои што не се испушта во атмосферата.
Некои предлози за да се намали енергијата која ја трошиме:
·    Да го програмираме термостатот на пониски температури за време на вечерните часови или кога не сме дома а на повисоки кога се будиме или се вракаме дома.
·    Систематски да ги одмрзнуваме старите фрижидери и замрзнувачи.
·    Да ги затвораме прозорците кога грееме.
·    Да ги гасиме светлата кога не ни се потребни
·    Да корисиме сијалици со мала потрошувачка
·    Да не ги оставаме апаратите во stand-by состојба
·    Да го извадиме полначот за телефонот од штекер кога не го употребуваме. Дури и кога не е поврзан со телефонот троши електрична енергија.
·    Да се ладиме со вентилатор. Клима уредите трошат многу енергија.
·    Да ги користиме машините за перење алишта и садови само кога тие се полни.
·    Да избегнуваме кратки релации со колата.
·    Да ги рециклираме материјалите кој можат да се рециклираат. Рециклирањето штеди енергија исто така троши помала енергија за преработка на нови предмети.